Јоанидис: Снимањето кај Панчевски, кривично дело

од desk2
211 прегледи

Тајната снимка која ја објави поранешниот претседател на Кривичен, Владимир Панчевски за време на претресот на истражителите на СЈО во неговиот дом, претставува кривично дело за неовластено снимање и јавно објавување. Ова е ставот на поранешниот судија и адвокат Јован Јоанидис, кој објаснува дека секој сопственик на дом или имот има право да снима за сопствена заштита, но не и во овој случај кога се работи за настан од предистражна постапка.

„Објавувањето на тие снимки, претставува кривично дело. Дури и снимањето претставува кривично дело ако претходно не е кажано дека во мојот стан јас се што се случува – снимам. Мора да постои согласност од тој што е сниман дека е согласен да биде сниман.“ – изјави Јован Јоанидис – поранешен судија и адвокат

Панчевски доставувајќи ги снимките од неговиот дом до медиумите, обвини дека истражител на СЈО му го украл клучот од неговата куќа и оти веќе не се чувствува безбедно. Овие негови тврдења, смета Јоанидис можел да ги користи во постапката која се води против него и двајца информатичари вработени во судот.

„Се поднесува кривична пријава против лицата кои прават кривични дела, се даваат во надлежен обвинител и суд, имаме веќе известување од одлуки таму да ги користи во ред, но вака не е во ред.“ – вели Јоанидис

Со претресот на СЈО, запленет е службениот компјутер на Панчевски, но се обезбедени и податоци од АКМИС системот, за кого од СЈО соопштија дека постојат сомнежи дека бил злоуптребуван при распределување предмети кај „сваровски“ судии. Дали можеби постоел и паралелелн систем на АКМИС-от за незаконски распределување предмети, треба да покаже извештајот на Комисијата при Министерството за правда. За него е најавено дека ќе објавен следнава недела. СЈО го сомничи Панчевски и двајца информатичари во судот за оддавање службена тајна и злоупотреба на системот со местење предмети./Алсат М