Колку е убаво да се оттргнете од работните обврски и да заминете во најблискиот парк, да се опуштите во вежбање јога, наместо да останете дома или во затворено студио?
Зарем не е прекрасно да уживате во синото небо над вас, да се инспирирате од природата и додека балансирате пози, насмевнати да го почувствувате скокоткањето од тревата додека се релаксирате. Преку кожата можете да ја почувствуваме нежната топлина на сонцето и лесното ветре што ве разгалува при вежбањето на секоја асана.
Многумина од нас копнеат да ги исполнат своите фантазии за јога и да си дадат можност да вежбаат на отворено, но овие очекувања можеби не секогаш се претвораат во реалност. Всушност, земјата во паркот е често груба и нерамна – и ова е предизвик не само кога се вршат балансирани пози, туку и кога треба да се лежи во некоја поза. Временскиот фактор е исто така клучен, особено сега кога е променливо време. Покрај тоа колку и да се обидувате да се сконцентрирате во дадениот момент, честопати вашиот ум е расеан од секакви надворешни звуци – ѕвончиња за велосипеди, коментари од случајни минувачи и нивните љубопитни деца. Може ли некој навистина да се опушти во шавасана – на јавно место и во динамична урбана средина – и целосно да ужива во овие околности?
Поради одговорот на ова прашање, кој најчесто е „не“ , повеќето од нас избираат да вежбаат јога во затворено поголемиот дел од времето. Сепак, никогаш не е доцна да се открие чувството за себе и јога надвор во природата. Во тие моменти учиме да престанеме да ги контролираме работите над нас самите, да прифаќаме неочекувани изненадувања и едноставно да го следиме природниот тек.