490
Тренерот на Сан Антонио, Грег Поповиќ, ја пофали играта на Никола Јокиќ, кој блесна во победата на Нагетс над Спарс од 102:96.
Српскиот центар мечот против Сан Антонио го заврши со 32 поени, 16 скока и седум асистенции.
„Јокиќ е навистина спектакуларен играч, интересен и различен. Тој е како Лери Бирд од 213 сантиметри на центарска позиција. Одличен е во пенетрацијата, одлично ја чита играта. Неверојатен е“, изјави Поповиќ на прес-конференцијата по натпреварот.
Минатата сезона Никола Јокиќ ја доби наградата за најкорисен играч во НБА лигата.
Српскиот кошаркар со тоа стана првиот член на Денвер, како и најниско избраниот играч на Драфтот, на кој му пошло тоа од рака.