Јокиќ го предводеше Денвер до триумф над Портланд (ВИДЕО)

од Aleksandar Petrovski
177 прегледи

Предводени од српскиот центар Никола Јокиќ, кошаркарите на Денвер, ноќеска го совладаа Портланд со 127:99. За Портланд ова е прв пораз по серијата од четири триумфи.

На Јокиќ му недостасуваше само една асистенција за трипл-дабл. Тој средбата ја заврши со 29 поени, 13 скока и девет асистенции.

Резултати на другите натпревари од НБА лигата одиграни ноќта вторник кон среда:
Њу Орлеанс – Милвоки 108:120
Хјустон – Шарлот 125:110 и
Лос Анџелес лејкерс – Сан Антонио 129:102.

Милвоки со биланс 43-7 (победи-порази) е најуспешен тим во Источната конференција, ЛА лејкерс со 38-11 е лидер на Запад

 

 

Слични содржини