457
Кошаркарите на Денвер синоќа на домашен терен го совладаа тимот на Мајами со 113:96, а српскиот кошаркар Никола Јокиќ забележа трипл-дабл учинок од 25 поени, 15 скока и 10 асистенции во победата на својот тим во НБА лигата.
Јокиќ беше исклучен на нешто повеќе од две минути пред крајот на натпреварот поради неспортски фаул над Маркиз Морис, кој го удри во грбот.
Претходно, Морис со лакт го удри Јокиќ на средината на теренот, поради што и тој беше исклучен.