Никола Јокиќ, најдобриот кошаркар во Србија и предводник на Денвер Нагетс, по исцрпувачката сезона каде го одведе својот тим до финалето на Западната конференција, моментално ужива на годишен одмор во родниот град Сомбор, и реши да се почести со нов автомобил.
Кошаркарскиот мајстор е голем љубител на коњите, но сака и моќни автомобили.
Затоа не е изненадувачки што возниот парк од неколку автомобили е засилен со нов, а станува збор за Mercedes G63 AMG Brabus, за кој Јокиќ наводно уплатил, ни помалку ни повеќе, 250.000 евра.
Прекрасен црн џип со жолт ентериер со „целосна опрема“ е веќе главната атракција на улиците на мирниот Сомбор. „Ѕверот“ на Никола има 4.000 кубика и дури 700 коњски сили, па јасно е дека „троши ко луд“.
И покрај масата од скоро два и пол тони, AMG G63 е способен да „забрза“ до 100 километри на час за само 4,5 секунди, додека максималната брзина е до 240 километри на час.
Јасно е дека за Никола Јокиќ, кој според проценките на угледниот магазин „Форбс“, заработува 22,37 милиони евра годишно, сума од 250.000 евра е вистинска ситница.