Јокиќ низ солзи ја прими МВП наградата (ВИДЕО/ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska
440 прегледи

Кошаркарот Никола Јокиќ вторпат по ред ја доби наградата за МВП.

Овој пат наградата ја примил во родниот Сомбор, набргу откако завршил со јавање. Него го пречекале Мајкл Мелоун, тренерот на Денвер, генералниот директор на клубот од Колорадо, Тим Конели, сопственик на франшизата во Колорадо и Мишко Ражнатовиќ, неговиот долгогодишен менаџер.

Јокиќ почна да плаче под напливот на емоции додека музичарите изведоа песна од Звонко Богдан.

Заедно со Јокиќ во овој момент се радувале и неговата сопруга Наталија и ќерката Огњена.

Српскиот центар имаше сезона за паметење, а никој досега не успеал да постигне 2.000 поени, 1.000 скока и 500 асистенции во една сезона.

Слични содржини