Јокиќ по дебаклот на Србија се почестил со три коња, потрошил 143 илјади евра

од Nikola Popovski
203 прегледи

Репрезентацијата на Србија доживеа фијаско на Европското првенство во кошарка откако во осминафиналето беше елиминирана од Италија. И покрај тоа што по долго време во тимот играше најдобриот светски кошаркар Никола Јокиќ, Србија не успеа да направи сериозен резултат.

Двократниот последователен МВП на НБА беше на висина на задачата и одигра брилијантно, но едноставно не можеше сам да ја однесе Србија до крај откако останатите целосно потфрлија.

Јокиќ, кој е голем љубител на коњи и има свој тим кој се натпреварува во трки со коњи „Dream Catcher“, по враќањето во Србија решил да се почести со нови коњи.

Својата штала ја збогатил со три нови коњи, кои ги купил на аукција.

На аукцијата на една италијанска куќа, која се одржува во вторник и среда, Јокиќ купил три коњи.

Најскап е „Фарид Мил“ кој го платил 54.000 евра, „Фолиу винд“ го платил 47.000 евра, додека „Фату ди Поџо“ 42.000 евра.

Така тој потрошил вкупно 143.000 евра на три коњи и само уште еднаш ја покажал својата страст.

Јокиќ претходното лето го потпиша и најголемиот договор во историјата на кошарката, според кој во следните години ќе заработи 240 милиони долари.

Фото: Isaiah J. Downing-USA TODAY Sports

Слични содржини