Јокиќ: Повторно би ја донел истата одлука – да не играм за Србија

од Nikola Popovski
288 прегледи

Никола Јокиќ, актуелниот МВП на НБА лигата, зборуваше за многу теми во своето прво обраќање пред почетокот на новата сезона. Очекувано, одговорот за причината зошто не отиде на Олимписките игри излезе многу брзо.

Поради замор, српскиот центар ова лето одлучи да ја прескокне репрезентацијата. Тој не настапи на квалификацискиот турнир во Белград, а Србија остана без Олимписките игри со пораз од Италијанците.

Едно од првите прашања беше поврзано со репрезентацијата на Србија.

„Донесов одлука. Без разлика дали е добра или лоша, јас се држам до неа. Повторно би ја донел истата одлука “, искрен е Јокиќ.

Српскиот центар наскоро ќе стане татко.

„Нашето бебе наскоро доаѓа, па веројатно е најважниот момент во овој дел од сезоната, мојот живот“.

Тој, исто така, зборувал за тоа како се гледа себеси сега кога е актуелен МВП.

„Не сакам да го „подигнам“ статусот на славна личност. Мислам дека тоа може да се контролира. Не мислам дека сум мистерија. Јас сум како вас, не е забавно да си славен“.

Слични содржини