338
Српскиот центар Никола Јокиќ повторно е исклучен, по седми пат во својата НБА кариера.
Денвер го победи Вашингтон со 113:107, но овој дуел ќе остане во сенка на нов инцидент во режија на Србинот, откако целосно ги загуби нервите.
Во средината на последната четвртина имаше две „пресметки“ со Спенсер Динвиди.
Кошаркарот на Вашингтон прво поентираше, но во таа прилика со лакт го удри Јокиќ, кој падна на подот. Во следниот напад, при изведувањето на блокот, Јокиќ доби тупаница и лакт од Динвиди.
Тогаш најдобриот играч на Денвер луто им приговори на судиите, кои го почестија со исклучување!
Целосно збесна, тргна кон судијата, но, за среќа, соиграчите го спречија да направи поголем инцидент.