Јокиќ сака да биде како Данкан

од Vlatko K
107 прегледи

Српскиот центар на Денвер, Никола Јокиќ има одличен пример за имитација, за кој призна самиот
тој. 23-годишниот кошаркар сака да личи на легендата на Сан Антонио, Тим Данкан и не би имал
ништо против целата кариера да ја мине во редовите на Нагетс.

„Јас може да бидам Тим Данкан на Денвер. Интересно е да го коментираме ова, но навистина
сметам дека можам да направам нешто слично“, прокоментира 23-годишниот кошаркар, кој е на
едно од првите места во НБА по асистенции по натпревар, макар и да игра на нетипична за тоа
позиција.

Досега во сезоната тој има просечни индикатори од 20.4 поени, 10.7 скока и 7.7 асистенции во
вкупно 57 натпревари за „грутките“.