Центарот на Денвер Нагетс, Никола Јокиќ, забележа одлична статистика во победата над Њу Орлеанс Пеликанс (138:130).
Денвер играше продолженија, се мачеше, но дојде до нов вреден триумф на крилата на српскиот центар, кој постигна дури 30 поени во последната четвртина и во продолжението, а мечот го заврши со извонредни 46 поени, 12 скока, 11 асистенции, четири блокади и три украдени топки.
Кога ќе навлезете во историските книги на најсилната лига во светот, доаѓате до заклучок дека ниту еден играч не создал такви бројки откако украдените топки и блокадите се мерат во статистички колумни, односно од 1973 година.
Nikola Jokic finished with 46 points, 12 rebounds, 11 assists, 3 steals and 4 blocks. He's the only player to reach those thresholds since blocks and steals began being tracked in 1973-74. pic.twitter.com/pLBrki0q4S
— NBA (@NBA) March 7, 2022