Јокиќ станува најплатениот играч во историјата на НБА лигата?

од Vladimir Zorba
527 прегледи

Српскиот интернационалец Никола Јокиќ е на прагот да потпише „супермаксимален“, петгодишен договор со Денвер Нагетс, според кој треба да заработи 241 милион долари!

Оваа информација ја пренесе агентот на српскиот кошаркар, Мишко Ражнатовиќ во интервју за подкастот „Урбонас“, чиј водител е познатиот кошаркарски новинар Донарас Урбонас.

– Според нашите очекувања, договорот треба да биде потпишан на лето. Тој го заслужува максимумот“, изјави Ражнатовиќ гостувајќи во подкаст со новинар од Литванија.

Она што дополнително привлекува внимание е коментарот на Боби Маркс, специјалист за финансии во НБА лигата. Тој истакна дека договорот на Никола ќе биде најголемиот во историјата на лигата, бидејќи досегашниот рекорд го држи Јанис Адетокумбо.

Слични содржини