507
Кошаркарот на Денвер Нагетс, Никола Јокиќ е суспендиран на еден натпревар, откако на натпревар одигран во понеделникот одзади го турна играчот на Мајами, Маркиф Морис, додека Морис е казнет со 50.000 долари поради претходното грубо однесување над Јокиќ, објави денеска НБА.
Тоа значи дека Јокиќ нема да го игра вечерашниот натпревар против Индијана на домашен терен, пренесе АП.
Морис исто така нема да игра вечерва против ЛА Лејкерс поради повреда на вратот.
Инцидентот се случи на 2 минути и 39 секунди до крајот на натпреварот, кој Нагетс го завршија со победа со 113:96, а Јокиќ претходно забележа 23 поени, 15 скока и 10 асистенции.