Јокиќ и Дончиќ прашале дали НБА може да дојде во Србија или Словенија

од Nikola Popovski
90 прегледи

Темата за организирање НБА настани на Балканот е актуелна со години и не е тајна. Желбата сè уште постои, ова го откри комесарот на лигата Адам Силвер за време на „тркалезна маса“ во Абу Даби, на која присуствувала избрана група новинари и на која се разговарала за различни теми. . Меѓу другото, тој рекол дека своите „молби“ ги испратиле МВП-то на лигата Никола Јокиќ и првата ѕвезда на Далас Маверикс, Лука Дончиќ.

„Би сакал да кажам, Никола (Јокиќ) и Лука (Дончиќ) прашаа дали НБА може да дојде во Србија или Словенија“, рекол Силвер.

За жал, тоа нема да биде толку лесна работа…

„Би рекол дека е многу тешко, бидејќи организацијата на овие натпревари е исклучително напорна во однос на ресурсите и речиси никогаш нема економска смисла како еднократен настан. А таму каде има смисла, без разлика дали е во Мексико Сити, Париз или овде во Абу Даби, дел е од повеќегодишна иницијатива“, објаснил Силвер.

Комесарот на НБА лигата навлезе уште подлабоко во оваа тема и заклучил:

„Ја ценам страста на навивачите во Србија, Словенија и Грција, како и играчите како Јокиќ, Адетокунбо и Дончиќ, кога станува збор за иницијативата да се организираат натпревари во нивните матични земји и градови. Сепак, не е лесно да се организираат. Ова е нешто што сериозно ќе го разгледаме во иднина. За жал, организацијата на овие натпревари секоја година станува се поскапа и бара се повеќе ресурси. Сакамe да им се оддолжиме на тие големи играчи и знаеме колку е тоа важно за навивачите на тие пазари. Затоа ќе продолжиме да ја разгледуваме таа можност“.

Слични содржини