По уште една одлична партија против Детроит, најдобриот играч на Денвер, Никола Јокиќ особено го пофали својот соиграч Џамал Мареј, но истакна и дека не разбира како неговиот тим успеал да победи.
Денвер забележа победа по два последователни порази против тимот кој сезонава беше многу подобар од нив.
„Не знам како триумфиравме по два порази. Можеби само сме уморни, па наоѓаме начин да се подигнеме и да играме тимски“, бил искрен Јокиќ.
Српскиот кошаркар сезонава нема често можност да се потпре на соиграчите кои делуваат исклучително бледо, но конечно доби одлична партија од првиот плејмејкер на тимот, Мареј.
„Мислам дека Мареј одигра навистина добро, со многу енергија. Откако се врати од последната повреда, тој игра многу добро. Има добра енергија. Наоѓа предности и ги користи. Мислам дека така треба да игра“, изјавил Јокиќ.
Популарниот „Џокер“ имал само пофални зборови за противничката екипа која подобро го отвори натпреварот.
„Тие дефинитивно се различен тим од минатата година. Имаат неколку нови играчи. Имаат искуство. Млади играчи играа на крајот од минатата сезона. Сега имаат повеќе искуство и играат подобро. Имаат нов стручен штаб, а се гледа дека играат агресивно. Не се откажуваат, што е добро“, навел Јокиќ.
Српскиот ас на овој меч постигна 37 поени, девет скока и осум асистенции.