Јокиќ „извиси“ за награда во НБА лигата

од Nikola Popovski
285 прегледи

Без разлика што велат анкетите во трката за МВП, Никола Јокиќ, еден од најдобрите кошаркари на денешницата, би можел да остане без никаква награда во НБА сезонава, откако синоќа загуби од Џејлен Бренсон во изборот за најдобар „клач“ играч на регуларниот дел од лигата.

Станува збор за трофејот „Џери Вест“, кој се доделува на најдобриот „клач“ играч во НБА, односно играчот кој погодил најмногу шутеви или имал најголем придонес за тимот во неизвесни завршници. Јокиќ пред неколку дена се најде во потесниот избор за оваа престижна награда, но утринава стигна официјална информација дека останал без оваа награда, како и дека најверојатно ќе „извиси“ и за титулата во МВП трката, каде во моментов главен фаворит е Шеј Гилгес-Александер.

Според резултатите, дури 70 членови на жирито гласале за Џејлен Бренсон, кошаркарот на Њујорк, додека Јокиќ добил само 26 отсто од првите гласови. Два гласа доби Ентони Едвардс од Минесота, а по еден Стеф Кари (Голден Стејт) и Леброн Џејмс (ЛА Лејкерс).

Јокиќ имаше најмногу гласови за втората позиција, односно 58 гласа, додека на третото место во таа категорија заврши Бренсон со 24 гласа. Кога се ќе се собере, доаѓаме до вкупниот резултат – Јокиќ имаше 312 поени, додека Бренсон 426, па наградата му припадна на Американецот.

Наградата се доделува од сезоната 2022/23, кога Диерон Фокс ја освои првата титула, а една година подоцна, Стеф Кари беше избран за „клач“ играч на НБА.

Слични содржини