Јокиќ ја шокираше НБА и го демантираше првиот човек на лигата: „Прв пат слушам за тоа“

од Nikola Popovski
560 прегледи

Никола Јокиќ ја демантираше изјавата на комесарот на НБА, Адам Силвер, кој тврдеше дека тој, Лука Дончиќ и Јанис Адетокумбо побарале НБА да дојде во Србија, Словенија и Грција.

За време на прес-конференција во Абу Даби, Силвер истакна дека организацијата на вакви настани е многу комплексна и честопати нема економска смисла.

„Да бидам јасен, Никола и Лука прашаа дали НБА може да дојде во Србија или Словенија“, рекол Силвер.

Кога полски новинар го прашал Јокиќ за изјавата на Силвер, Јокиќ збунето одговорил:

„Прв пат го слушам, никогаш порано не сум го слушнал. Не знам ништо за тоа“.

Комесарот на НБА лигата пред два дена навлезе уште подлабоко во оваа тема, по што кажал:

„Ја ценам страста на навивачите во Србија, Словенија и Грција, како и играчите како Јокиќ, Адетокунбо и Дончиќ, кога станува збор за иницијативата да се организираат натпревари во нивните матични земји и градови. Сепак, не е лесно да се организираат. Ова е нешто што сериозно ќе го разгледаме во иднина. За жал, организацијата на овие натпревари секоја година станува се поскапа и бара се повеќе ресурси. Сакамe да им се оддолжиме на тие големи играчи и знаеме колку е тоа важно за навивачите на тие пазари. Затоа ќе продолжиме да ја разгледуваме таа можност“, изјавил Силвер.

Во меѓувреме, Јокиќ се подготвува за уште еден натпревар против Бостон Селтикс во ОАЕ откако Нагетс го загубија првиот натпревар.

Слични содржини