Јокиќ по трет пат ја освои наградата за најкорисен играч во НБА

од Vladimir Zorba
171 прегледи

Србинот Никола Јокиќ од Денвер Нагетс по трет пат во кариерата ја освои наградата за најкорисен играч (МВП) во Националната кошаркарска асоцијација на САД и Канада (НБА). Само шестмина во историјата ја освоиле оваа награда по три пати.

Јокиќ го заврши регуларниот дел од сезоната со просек од 26,4 поени, 12,4 скока и девет асистенции, што го прави единствениот кошаркар во топ 10 во секоја компонента. Србинот доби 79 од можни 99 гласови за прво место.

„Сè започнува од моите соиграчи. Не можев без нив. И тука не се работи само за кошаркарите, туку и за тренерите, за целата организација, за медицинскиот тим и за сите останати“, изјави Јокиќ. , цитиран од агенцијата АП .

Втор заврши Канаѓанецот Шеј Гилгес-Александер од Оклахома Сити, додека Словенецот Лука Дончиќ од Далас Маверикс ја освои третата позиција. Веќе трета сезона по ред, нема кошаркари родени во САД во првите три избори за МВП.

Немаше Американци ниту во првите четири, бидејќи грчкиот репрезентативец Јанис Антетокунмпо од Милвоки Бакс заврши зад првите три. Топ 4 беше целосно составен од странци за прв пат во 69-годишната историја на анкетата, а победникот е роден надвор од САД шеста сезона по ред.

Карим Абдул-Џабар го држи рекордот за МВП награди со шест, следен од Мајкл Џордан и Бил Расел со една помалку. Вилт Чембрлен и Леброн Џејмс имаат по четири, додека Јокиќ, Лери Бирд, Меџик Џонсон и Мозес Мелоун имаат по три.

Слични содржини