Јокиќ постави нов рекорд во НБА плејофот

од Vladimir Zorba
206 прегледи

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ е единствениот играч во историјата на НБА кој постигнал повеќе од 25 поени во просек на натпреварите од плејофот и имал 10 или повеќе скока и седум или повеќе асистенции, објавено е на официјалната веб-страница на натпреварувањето.

Како што е објавено на веб-страницата, Јокиќ претходните години одиграл 70 натпревари за Денвер во плеј-офот, што е доволно за да се земе репрезентативен примерок кој покажал дека ниту еден играч пред него немал такви бројки во плејофот за титулата.

Јокиќ во натпреварите од плејофот има просек од 27,5 поени, 12,2 скока и 7,3 асистенции.

Србинот минатата сезона со Денвер ја освои шампионската титула во НБА лигата, а двапати беше МВП на лигата.

Тој сезонава е кандидат и за престижното признание МВП кое се доделува на највредниот играч во најсилната кошаркарска лига на планетата.

Слични содржини