Јокиќ прв во историјата на НБА со 150/50/50

од Vladimir Zorba
48 прегледи

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ по којзнае кој пат испиша историја на НБА.

Во првите пет натпревари од сезоната, Јокиќ забележа вкупно 152 поени, 58 скока и 50 асистенции.

Со тоа тој стана првиот играч во историјата со најмалку 150 поени, 50 скока и 50 асистенции на воведните пет натпревари во НБА.

Јокиќ синоќа имаше 26 поени, 13 асистенции и девет скока во поразот од Минесота (119:116).

Скорот на Денвер е 2-3, а следниот меч е против Јута во недела од 03 часот по наше време.

Слични содржини