Јокиќ се „заканува“ дека ќе стане најплатениот играч во историјата на НБА

од Vladimir Zorba
866 прегледи

Кошаркарот на Денвер, Никола Јокиќ би можел да стане првиот играч во историјата на НБА со договор од над 400 милиони долари!

Како што пренесуваат американските медиуми, НБА лигата одлучила да воведе можност за зголемување на буџетот за плати, бидејќи во наредниот период ќе договорат соработка со медиумски компании околу ТВ правата вредни над седум милијарди долари.

Тоа значи дека НБА клубовите би имале опција да одвојат многу повеќе пари за плати, па така, на пример, најплатениот играч би заработил 72 милиони долари во првата година од договорот, додека таа бројка може да се искачи на 95 милиони долари до петтата сезона!

Бидејќи договорот на Јокиќ со Нагетс истекува во 2028 година, српскиот центар би можел да стане и првата суперѕвезда во НБА што ќе го мине тој магичен круг.

А вака би изгледала таа проекција:

Договор за прва година – 72.253.335 долари
Договор за втора година – 78.033.502 долари
Договор за трета година – 83.813.869 долари
Договор за четврта година – 89.594.134 долари
Договор за петта година – 94.374.405 долари

Вкупен износ – 419.069.343 долари.

Центарот на Денвер нè навикна на бројни рекорди во НБА, а не би било изненадување доколку го сруши и овој.

Слични содржини