Јокиќ за историскиот подвиг: Кога еден ден ќе седам на кауч…

од Vladimir Zorba
64 прегледи

Никола Јокиќ, кошаркарот на Денвер Нагетс, по невидениот натпревар на НБА терените изјави дека на своите рекорди ќе размислува едвај кога ќе ја заврши играчката кариера.

Тимот од Колорадо по продолжението успеа да го совлада Феникс и да ја продолжи борбата за второто место во Западната конференција.

Јокиќ по 31 поен, 21 скок и 22 асистенции зборуваше во свој стил за американските медиуми.

„Веројатно ќе мислам за сето ова кога ќе ја завршам кариерата. Ќе биде убаво кога еден ден ќе престанам да играм, ќе седнам на каучот и ќе се сетам на овие моменти. Одиграв многу добар натпревар“, изјави Јокиќ веднаш по мечот.

Тој додаде дека Нагетс не играат совршена кошарка, но успеваат да најдат начини за победа.

„Не играме најдобро и имаме проблеми како и сите други, но успеваме да победиме и тоа е најважно. Верувам во овој тим и секогаш наоѓаме начин како да се извлечеме“, истакна Јокиќ.

Следниот натпревар Денвер го игра во недела од 18 часот по наше време, а противник ќе биде лидерот на Западот – Оклахома.

Слични содржини