45
Никола Јокиќ продолжува да ги поместува границите во НБА. Српскиот кошаркар во ноќта меѓу четвртокот и петокот собори уште еден рекорд, а за тоа проговори и на прес-конференцијата по натпреварот.
Јокиќ го надмина Меџик Џонсон по бројот на остварени трипл-дабл (139), но Јокиќ одговори во свој стил:
„Тоа е нешто што ќе го разгледаме и ќе разговараме кога ќе ја завршам кариерата, сега не го разгледувам. Тоа е секако одлично и многу убава работа“.