Политичкиот аналитичар Агим Јонуз смета дека на Македонија ѝ случува „тивок армагедон“ на политичката сцена.
-Проблемите со Бугарија, проблемите во однос на Европа, било која власт да беше, ќе ги имаше. Тоа се проблематични прашања кои што се од генерален карактер и наметнати теми. Ако велиме дека имаме историски минимум на излезност, во која гледаме со лупа, сфаќаме дека имаме енормни трети страни вон султанатите. Имаме многу мали партии, кои велат дека не се согласуаат со големите. Се е растурено по тие мали партии, смета Јонуз во гостувањето на емисијата „Само вистина“.
Тој потенцира дека во помалите партии има луѓе кои веќе биле со СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ или ДУИ.
-ВМРО-ДПМНЕ не е толку добар, колку што СДСМ е послаб. Многу во партијата работата против Заев, истакнува Јонуз.