Јонуз: ВМРО-ДПМНЕ најмалку работи на македонското национално единство

од Nikola Popovski
407 прегледи

Македонија е она што се зборува пред самопослуга – народот, а не Никола Груевски. Ако зборуваме за него, во моментов политичката сцена изгледа како старите жени во италијанските филмови на два балкони кога се караат-ти си таква, ти си ваква. Македонија во моментов се занимава со самата себеси, смета политичкиот аналитичар Агим Јонуз за состојбите во политиката во земјава.

Според него, оваа игра која е наметната е само поради тоа „некој во ВМРО-ДПМНЕ да попушти и една група да се оддели и да биде за уставните измени“.

-Кога беше Преспанскиот договор, знаеме на кој начин осумтемина гласаа во Сборанието. Слично е и сега, но немаме такви уцени. Сега имаме контра-филм со Кривичниот законик. Македонија е мртво магаре што го влечат по ливада со евроинтегративната приказна, вели Јонуз во емисијата „Студио 10“.

Јонуз истакнува дека ВМРО-ДПМНЕ најмалку работи на македонското национално единство.

-Ако тоа е иднината на Македонија во период во кој се уште гледаме стиропори и никакви решенија, освен што се вадиме на примитивни популизам дека не даваме да се потпише ништо под наводен бугарски диктат. Тоа е нон сенс, и Шпанци ако сакате ставете во Уставот, истакнува аналитичарот.

Слични содржини