Јордан ја отфрла идејата на Трамп за раселување на Палестинците од Газа

од Nikola Popovski
72 прегледи

Јорданскиот министер за надворешни работи, Ајман Сафади денеска изјави дека неговата земја силно и решително ја отфрла можноста за какво било раселување на Палестинците од Појасот Газа.

Сафади реагираше на изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп, кој им рече на новинарите во саботата дека Египет и Јордан треба да ги примат раселените Палестинци од Газа.

Трамп рече дека разговарал со јорданскиот крал Абдула Втори во саботата и го пофалил Јордан за прифаќањето на палестинските бегалци.

Израелскиот екстремно десничарски министер за финансии, Безалел Смотрич денеска го поддржа предлогот на Трамп за преселување на Палестинците од Газа во Египет и Јордан.

Според Обединетите нации, во Јордан има околу 2,3 милиони регистрирани палестински бегалци.

Вашингтон минатата година соопшти дека се противи на принудното раселување на Палестинците.

Прекинот на огнот меѓу Израел и палестинската милитантна група Хамас во Појасот Газа стапи на сила пред една недела, а досега седум израелски заложници се ослободени во замена за ослободување на палестинските затвореници од израелските затвори.

Слични содржини