Јорданов демантира дека Дино Мерлин побарал да се изгаси крстот на Исарот, прашува „до каде ќе оди човековата злоба“

Градоначалникот на Штип излезе со демант по повод дел од објавите поврзани со пејачот кој викендов ќе настапи на традиционалната „Пастрмајлијада“

од Nikola Popovski
454 прегледи Фото: Фејсбук

Градоначалникот на Штип, Иван Јорданов денеска излезе со демант по повод дел од објавите на социјалните мрежи и медиумите поврзани со пејачот Дино Мерлин кој викендов ќе настапи во Штип на традиционалната „Пастрмајлијада“.

-Згрозен сум од лажните вести кои намерно се пласираат, а се во врска со најголемиот настан во Македонија, кој ќе се случи овој викенд во Штип. Целосно демантирам дека изведувачот Дино Мерлин имал специјални барања во делот на исполнување посебни услови во изгледот и обележјата на градот.

Свесен сум дека живееме во време на изместени вредности, свесен сум дека ова е само еден од методите за ширење на омраза и политичко лешинарење. Се прашувам до каде ќе оди човечката злоба?

Нашиот Штип веќе добива од овој настан, а оние кои ја пласираа оваа невистина на медиумите, јасно е дека веќе губат, затоа и се изгубени во нивната злобна и бесцелна политичка кампања!

И да не изоставам, овие кои ги шират дезинформациите, се истите оние кои неколку години го оставија крстот на Исарот во темница, стои во објавата на Јорданов.

Во јавноста се појавија лажни вести за наводни „специјални барања“ на пејачот, односно дека наводно побарал да се изгаси крстот на тврдината Исарот додека настапува во Штип.

Слични содржини