Јорданскиот крал: Светските сили да извршат притисок врз Израел да стави крај на војната во Газа

од Stefanija Kuzmanovska

Јорданскиот крал Абдула Втори му порача денеска на францускиот претседател Емануел Макрон дека светските сили треба да побараат од Израел да ги запре воздушните напади врз цивилите во Појасот Газа и да ја оконча опсадата на областа, дом на повеќе од два милиони луѓе.

Тој изјави дека е неопходно да се стави крај на војната во Газа и предупреди дека во спротивно може да дојде до „експлозија“ во регионот, пренесува „Ројтерс“.

Францускиот претседател Макрон, по посетата на Јордан, ќе отпатува за Египет, каде што треба да се сретне со претседателот Абдел Фатах ел Сиси, со кого ќе разговара за ситуацијата на Блискиот Исток, пренесува „Танјуг“.

Слични содржини