ЈОРМ: Не се пронајдени материјали поврзани со приемните испити на слушатели во Академијата на судии и јавни обвинители

од Vladimir Zorba
448 прегледи

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција соопшти дека во рамките на истрагата против четири лица за кои постои основано сомнение дека сториле Злоупотреба на службената положба и овластување, извршен е претрес во просториите на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје што ги користел осомничениот управител на правно лице и се одземени компјутери.

Воедно, во досегашната истрага, не се пронајдени материјали поврзани со приемните испити на слушатели во Академијата на судии и јавни обвинители. Што се однесува до Софтверот за полагање на испитот за прием на слушатели во Академијата на судии и јавни обвинители, истиот не е одземен, соопштија од ЈОРМ.

Слични содржини