Јоро веќе е во авион за Манчестер

од Vladimir Zorba
70 прегледи

Дефанзивецот на Лил, Лени Јоро веќе е во авион за Манчестер, каде мора да ги помине медицинските тестови и да го комплетира трансферот во Јунајтед.

„Црвените ѓаволи“ се договорија со францускиот клуб да платат загарантирани 42 милиони фунти за 18-годишниот дефанзивец, а дополнителни 10 милиони фунти Лил би можел да добие како бонуси.

Јоро треба да ги финализира и неговите лични услови, што сепак не би требало да биде проблем, а потоа да потпише договор на 5+1 година.

Фудбалерот се надеваше дека ќе се пресели во Реал Мадрид, кој, сепак, категорично одби да плати толку пари за него, што го испрати во Манчестер Јунајтед.

Јоро минатата сезона забележа 41 настап и се смета за играч кој може да стане клучна фигура дури и за најсилните клубови и еден од најдобрите централни дефанзивци во светот.

Тој ќе стане второто ново засилување на Јунајтед, откако напаѓачот Џошуа Зиркзе беше ангажиран од Болоња.

Сепак, очекувањата се дека на „Олд Трафорд“ ќе пристигнат уште нови играчи во потрагата на Јунајтед да бидат претенденти за барем Топ 4, ако не и за титулата.

Слични содржини