Јосифовски купувал акции во „Макпетрол“ пред објавата на намерата за преземање од „Балкан петролеум холдинг лимитед“

од desk3
350 прегледи

1 месец дена пред објавата на намерата за преземање на компанијата од страна на британската „Балкан петролеум холдинг лимитед“, Претседателот на УО на „Макпетрол“ – Андреја Јосифовски во периодот април-мај, купил нови 365 акции од компанијата.

892D3C9C9AA5E34AA3B9DE7641A348E2
Од Македонската берза во мај, писмено информираа :

„Согласно член 34, алинеја 7 од Правилата за котација на Македонската берза А.Д. Скопје, известуваме дека Претседателот на Управниот одбор на Макпетрол А.Д. – Скопје, господинот Андреја Јосифовски, во изминативе 30 дена се стекна со 365 акции од издавачот Макпетрол А.Д. – Скопје“