Јосифовски: Со помош на токените и закупувањето на услуги, угостителите ќе обезбедат авансни средства

од Vladimir Zorba
505 прегледи

Доколку би се создале услови и соодветна законска регулатива со иницијативата НУК за издавање глобален алтернативен крипто коин би можело во идно време да се овозможи унифицирање на угостителските услуги и нивно плаќање директно со соодветен крипто коин, вели во изјава за „Локално“, Здравко Јосифовски, претседателот на Независната угостителска комора.

Првиот човек на НУК, објаснува дека во моментов сето ова е во процес на усогласување на разни законодавни регулативи кои ќе потраат подолг период пред да може крипто коинот унифицирано да се применува на локално и глобално ниво.

-Во разни индустрии сведоци сме покрај стандардните начин на плаќање со фиат валути веќе постојат можности за плаќања и директно со најпознатите крипто средства. Она што во моментов иницијативата на НУК би имала повеќе допринос и ефект за угостителите е издавање на т.н. кориснички токен (анг. utility token) кој како крипто средство може да се користат за прибирање на финансиски средства по основ на продажба на идни угостителски услуги платени по сегашни загарантирани и повластени цени. На овој начин се овозможува на угостителите да приберат авансни средства за своите услуги со цел полесно и побрзо да можат финансиски да ја надминат кризата од пандемијата со Ковид-19, а угостителските услуги од своите угостителските објекти како што се хотели, ресторани, кафетерии и клубови да ги испорачаат во идно време по завршување на пандемијата и создавање на услови на нормално функционирање на туристичко угостителскиот сектор, смета Јосифовски.

Во моментов во многу земји низ светот, како што вели претседателот на НУК веќе активно се користат одредени актуелни и познати крипто средства за онлајн плаќање на разни услуги и производи.

-Иницијативата на НУК повеќе е ориентирана кон издавање на крипто средство како финансиско средство/вложување – кориснички токен со кој инвеститорот – купувачот односно корисникот со негово купување или инвестирање во него се стекнува со одредени права за точно определени услуги или производи дефинирана со паметениот договор (анг. smart contract) кој е составен дел од самиот кориснички токен, подвлекува Јосифовски.

Според него идејата е стандардизираните угостителски услуги како што се ноќевања, угостителски услуги во ресторани, клубови и кафетерии да се понудат за инвестиција и продажба со крипто средства по сегашни загарантирани повластени цени и истите благодарение на можноста на нивната едноставна преносливост и трговија да се користат и во идно време.

-Низ практичен пример би значело ако денес инвестирате или купите пример 100 токени кои во идно време би можеле да ги искористите како 100 ноќевања во точно дефиниран стандард на соба од хотел со 4 звезди. Користењето на крипто средството е овозможено исклучиво во хотели кои исто така ја прифатиле иницијативаата за работење со крипто средства.. Без разлика на цената која сега сте ја платиле пр. 30 евра за ноќевање корисникот на токенот секогаш ќе може да добие ноќевање за еден токен било каде во Македонија, Балканот или светот во стандардна соба во хотел од 4 звезди без разлика дали во моментот на користење на ноќевањето цената за ноќевање би изнесувала 50 или 150 евра, објаснува претседателот на НУК.

Јосифовски смета дека иако не постои во моментов законска регулатива со работењето на криптовалутите во земјава нема пречка оваа иницијатива на НУК да се реализира.

-Точно е дека не постои посебна законска регулатива со која експлицитно се уредува работењето со крипто средствата, но и со постојната законска регулатива не постои пречка да се реализира инцијативата бидејќи се овозможува и дозволува нејзина реализација за издавање на кориснички токен без да се наруши и повреди било кој закон на локално и глобално ниво доколку истата се спроведе локално и глобално од и во Македонија. Повеќе информации за точното дефинирање на работењето на крипто средствата дадени се на веб страната на Народната банка на РСМ во делот Прашања и одговори за крипто-средствата а во процедува е и предлог новата законска регулатива за спречување перење пари и финансирање на тероризам каде е целосно опфатено работењето со крипто средства кој најверојатно ќе биде усвоен до крајот на оваа или почеток на наредната година, објаснува тој.

Претседателот на НУК вели дека со можноста за трговијата на криповалутите ќе ја врати довербата во туристичко угостителскиот сектор со што ќе се овозможи и дополнителна промоција и можност за финансиска поддршка и инвестиции во угостителската индустрија.

-Со подршка на сите заинтересирани, партнери инвеститори, гости и корисници на угостителските услуги, како и засегнатите угостители и угостителски објекти сметаме дека оваа иницијатива ќе понуди можност за враќање на довербата во туристичко угостителскиот сектор со што ќе се овозможи и дополнителна промоција и можност за финансиска поддршка и инвестиции во угостителската индустрија во интерес опстанок, одржување и подигање на квалитетот на угостителските услуги. Од друга страна повторно ќе ги поттикне луѓето да ги планираат своите патувања на локално и глобално ниво и да инвестираат во нив затоа што овојпат имаат поголема гаранција, сигурност и избор за нивна реализација преку стекнувањето на правата што ги нудат крипто средствата и паметните договори во однос на станадардните досегашни правила и начини на купување на туристички аранжмани поврзани со фиксни датуми и локации, смета Јосифоски.

За тоа дали угостители се подготвени за примена на овој начин на работење, првиот чоевек на угостителската комора верува дека интересот на угостителите со примената и првите инвестиции и продажби на крипто средствата ќе се зголеми интересот поготово, како што објаснува бидејќи веднаш на располагање ќе им биде овозможено користење на неопходните и потребните финансиски средства.

-Нормално е на почеток на секоја имплементација на технолошки новитети да има резервираст страв и отпор во нивната примена. Угостителите не се имуни на овие работи и факт дека целокупната новина за нив претставува предизвик за тоа на кои се начини може да биде имплементирана и какви се навистина би биле позитивните бенефити од овие новитети на употреба на крипто средствата како алтернативни начини на продажба и прибирање на приходи по основ на понуда на своите услуги..Верувам дека интересот на угостителите со примената и првите инвестиции и продажби на крипто средствата од реализација на иницијативата нагло ќе се зголеми поготово што веднаш на располагање ќе им бидат овозможено користење на неопходните и потребните финансиски средства за кои нема да имаат потреба да плаќаат камати туку истите ќе ги враќаат со извршување и реализизација на свои угостителски услуги од тековното работење, вели тој.

Б.М.

Слични содржини