Здравко Јосифовски од Независната комора на угостители за отвореното студио на ТВ 24 изјави дека состојбата со угостителите во моментов е страшна.
„После пладне скоро и да нема никакво движење. Сеедно дали објектите ќе работата до 16,18 или 21 часот, затоа што луѓето пристинати од негативната кампања, воопшто не ги посетуваат угостителските објекти“, потенцира Јосифовски.
Според него, воопшто не се потребни рестриктивни мерки и тоа селективни кои што се однесуваат само на одредени територии или индустрии.
„Доволна е едукација, подигнување на јавната свест во интерес на заштита на јавното здравје. Доколку постои здрав разум и економија воопшто не е потребен локдаун. Потребно е сите да се соочиме со новото секојдневие и да им помогнеме на тие што одлучуваат во име на угостителите да донесат разумни одлуки“, вели Јосифовски.