Јосипа Лисац, една од најголемите икони на регионалната музичка сцена, со години му е верна на својот стил и секој пат фасцинира со својата модна дрскост и уникатни комбинации на облека.
Овие денови Јосипа Лисац тврди дека ja инспирирала, ни помалку ни повеќе, туку американската sвезда Лејди Гага.
„Не сакам да имитирам никого, никогаш не „соблеков“ никого, но може да се случи, нема намера таму. Мислам дека ова со Гага не е случајно, таа има тим од луѓе кои бараат инспирација. Морам да истакнам дека ние се потценуваме, во Хрватска живеат исклучително паметни и талентирани луѓе“, вели Јосипа и додава:
„Замислете нашите таленти да имаат уште повеќе можности да се изразат, општеството да е поинакво. Тоа би било чудо! И во Америка имате можност да се докажете, на крајот на краиштата тоа е голем пазар. Знам дека не сме САД, знам дека короната кумуваше на фактот дека се спуштивме и духовно и креативно. Жал ми е што не знаеме како да препознаеме она што е меѓу нас“, изјави Јосипа за хрватските медиуми.