Јотова: Инцидентите, како палењето на „Иван Михаилов“, се најголемата причина за ветото на Бугарија

од Vladimir Zorba
455 прегледи

„Навистина очекувам надлежните македонски власти да ја завршат својата работа и да спроведат длабинска истрага, да ги откријат виновниците и да ги казнат многу строго. Ниту на Бугарија ниту на РСМ моментално не им требаат дополнителни тензии. Уште повеќе кога преговорите меѓу двете земји се на нула точка, кога европските партнери очекуваат PCM да ги исполни критериумите и условите поставени од Бугарија“, изјави потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова во интервју за БНР.

Таа го коментираше инцидентот во кој беше запалена влезната врата на бугарскиот културен институт „Иван Михаилов“ во Битола.

„Со години сме навикнати на вакви инциденти и ова е најголемата причина за ветото на Бугарија. Имаме наши задолжителни 4 плус 1 услови и додека не видиме дека се исполнети од страна на РСМ, без разлика на притисокот од нашите европски партнери, без оглед на геополитичките размислувања, ние не можеме да ги изневериме интересите на Бугарите таму. Кога претседателот Радев инсистира правата на Бугарите да бидат запишани во уставот на РСМ, мислиме токму на тоа – Бугарите таму се државотворен народ и тие мора да ги имаат истите права како и сите други“, додаде таа.

Слични содржини