Потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова денеска во интервју за бугарските медиуми истакна дека поранешниот бугарски премиер Кирил Петков бара аргументи зошто му паднала владата. Таа објасни дека неговиот прв јавен настап како нов премиер бил во врска со „македонското прашање“ и пристапувањето на Република Северна Македонија во Европската Унија, при потсетила на повеќе од 5-часовниот Консултативен совет за безбедност на земјата свикан од тамошниот претседател Румен Радев, каде што бил реафирмиран бугарскиот став за пристапување на Македонија во ЕУ.
-Позиција која ни беше исклучително важна, бидејќи ги немавме нашите европски партнери на наша страна. Имавме големо недоразбирање, имавме многу пропуштени месеци да ја објасниме бугарската позиција, а во тој прв момент не само што не ги критикува, претседателот ѝ подаде рака на новата влада за да може Кирил Петков при првата посета да оди со силната бугарска позиција во Република Северна Македонија. Нели е тоа помош?! Уште тогаш им вети на нашите европски партнери брза и непречена позиција на Бугарија за прифаќање на нашиот западен сосед и покрај националниот интерес на земјата и тоа можам да го кажам сосема одговорно“, истакнала Јотова во интервју за „БНТ“.
Таа им се заблагодарила на партнерите од Франција, за како што вели, разбирањето на бугарската позиција и внесување во преговарачката рамка.
-Вклучувањето на Бугарите во Уставот на земјата претходи на вистинскиот почеток на преговорите, што е неоспорен успех. Нашите соседи од Северна Македонија треба да бидат дел од европското семејство, порачала бугарската потпретседателка.