Јотова: Не успеавме да го објасниме нашето вето на европските партнери и останавме во изолација

од Берта Китинска
379 прегледи

Не успеавме да го објасниме нашето вето за Северна Македонија на европските партнери, изјави потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова за „БНР“.

– Доволно говоревме. За бугарската позиција имарешение на консултативнасредба кај претседателот, рамковна позиција на Советот на министри. Ние немавме несогласувања во Бугарија. Тоа кое што го гледам се два големи недостатоци. Не успеавме да го објасниме нашето вето на европските партнери и останавме во изолација, вели Јотова.

Според неа, тоа не е добро за Бугарија, која го стави во центарот на своето претседателство проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан.

– Нашата политика во РСМ не се мери само во давање на бугарски пасоши, ниту само со Договорот за добрососедство. Ние немаме никаква политика кон бугарското влијание таму, кон работата со нашите здруженија, вели уште потпретседателката.

Слични содржини