Јотова: Не знаеме каква ќе биде судбината на уставните измени, сакаме да видиме како Македонија ќе го заштити Договорот за добрососедство

од Nikola Popovski
571 прегледи

Потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова најави дека подготвува писмо што ќе го испрати до Советот на Европа во врска со случајот со децата од Македонија кои ја посетија Бугарија, каде остварија средби со бугарски политичари.

За секој таков случај ќе се испраќа сигнал на соодветно место во европските институции, рекла Јотова за бугарска „Нова“.

Во писмото, како што вели ќе посочи колку работи се прекршени со општата повелба за човекови права, правата на децат и како се злоупотребуваат децата за сомнителни политички цели.

Овие деца не дојдоа да се сретнат само со бугарските институции, тие дојдоа заедно со бугарските деца да сликаат за мир, за разбирање, за добрососедство – што треба да биде основата на нашите односи, смета Јотова.

Бугарската потпретседателка се осврнала и на долгонајавуваните уставни измени и внесување на Бугарите во Премабулата од македонскиот Устав.

Бугарија нема да ја одржи втората меѓународна меѓувладина конференција, со која треба да започнат преговорите на Република Северна Македониј. Се уште не сме го виделе текстот за измени на Уставот, а да не зборуваме дека не знаеме каква ќе биде судбина, рекла потпретседателката на Бугарија и додала:

-Сакаме да видиме како Република Северна Македонија ќе ги уреди своите приоритети за да ги заштити веќе потпишаните документи – протоколите и Договорот за добрососедство.

Бугарските политичари излегоа со остра осуда откако во петокот македонското Министерство за внатрешни работи поднесе пријава против раководството на „Мал битолски Монмартр“ за злоупотреба на деца во политички цели.

Настанот се случи пред неколку месеци во организација на фондацијата Бугарска Меморија на бугарскиот тајкун Милен Врабевски кој ги финансира и клубовите  „Ванчо Михајлов“ и „Цар Борис Трети“  во Македонија. Во рамките на проектот од  „Од двете страни на границата“ Врабески го плати  5 дневниот престој  на 10 деца  од детското ликовно студио „Св Кирил и Методиј“ од Битола. За раководството нема ништо спорно во овој проект, за кој велат гради културни мостови меѓу двата народа, а децата во Бугарија  допатуваа  со согласност на родителите.

Слични содржини