298
Нема основа за промена на бугарската позиција за Република Северна Македонија, вели потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова.
„Не гледам основа или нови факти кои ќе ја променат бугарската позиција. Важно е да се подготви патоказ што да правиме од сега па натаму. Ќе ја чекаме одлуката на нашите соседи. Знаете дека нивниот премиер поднесе оставка. Ќе ги видиме новите предлози од нашите европски партнери. Иако од моја гледна точка веројатно нема да се понуди ништо ново“, додаде Јотова.