Потпретседателката на Бугариа, Илијана Јотова денеска од Варна изјавила дека е време за средба меѓу владите на Бугарија и Република Северна Македонија и побарала да се преземат посериозни мерки по инцидентот со нападот врз Бекир Кадриески.
Доставувањето протестна нота до македонската амбасадорка Агнеса Руси-Поповска, таа го оценила како недоволна акција, велејќи дека се подготвуваат измените на македонскиот Устав, но во пракса нема никаков напредок.
Јотова повикала дека покрај уставот на РСМ, треба да има измени и според потпишаните заеднички протоколи, во кои се зборуваа за промени во учебниците, оценување на историските датуми и личности и отворање на тајните документи од времето на Југославија.
„Не се осмелувам ни да помислам дека новата бугарска влада ќе отстапи од веќе воспоставената бугарска позиција, која не е само на официјалниот кабинет, туку и на претседателската институција и Народното собрание. Не се осмелувам да мислам дека ќе дојде до чекор назад. Ако Бугарија со новото Министерство за надворешни работи и со новата влада го преиспита својот став-сега да започнат преговорите, а работите сами ќе се регулираат-тоа значи национално предавство“, рекла бугарската потпретседателка.