Потпретседателката Илијана Јотова не гледа причина во оваа фаза да се укине ветото за почеток на преговорите со ЕУ во северна Македонија.
Таа ова го изјави во ексклузивното интервју за емисијата „Брисел 1“ на Бугарија ВО ЕТЕР по нејзината посета на Битола и Охрид пред неколку дена.
„Бугарија има пет услови за Северна Македонија, кои се поставени одамна. Дури и кога стана јасно дека ништо не е сменето од потпишувањето на Договорот за добрососедство. Ниту после 18 состаноци на Мешовитата историска комисија ниту еден ред не е сменет во учебниците од кои се изучува во училиштата во Република Северна Македонија“,изјави Јотова.
Воедно, таа посочила дека не може да се признае ниту пописот, според кој во Северна Македонија се попишани 3 500 Бугари, а таа тврди дека од 2007 година па наваму издадени се 85 000 бугарски државјанства на македонски државјани.