Јотова за францускиот предлог: Многу порано можевме да го решиме прашањето со С. Македонија

од Nikola Popovski
281 прегледи

Потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова посочи дека одамна можело да се реши прашањето со Република Северна Македонија и да се отвори патот за компромиси и почитување на интересите на Бугарија и предлог како францускиот би бил факт.

Јотова коментирала дека тоа што се случило во Бугарскиот парламент во последните денови можело да се избегне одамна.

„Ако од самиот почеток бугарската надворешна политика во лицето на премиерот Кирил Петков не ги убеди нашите европски партнери дека нема да имаат проблем со Бугарија“.

„Кога претседателот Румен Радев присуствуваше на советите во Брисел, тој многу остро го покрена прашањето за правата на Бугарите и дека Бугарија не може да каже „да“ доколку овие права не се гарантираат, како што бара самата Европска унија. Тоа беше сериозно убедување од страна на претседателот дека тоа не е услов само на Бугарија, туку најважен услов РСМ да биде рамноправна членка на ЕУ. Останавме со впечаток дека господинот Петков им вети на нашите европски партнери дека работите во Бугарија ќе станат многу побрзи и ако не беше ова ветување, многу одамна ќе беше отворен патот за компромис, патот за почитување на интересите на Бугарија и предлог како Французите би бил факт многу порано“, изјавил Јотова, пренесува „БНР“.

Слични содржини