Јотова за палењето на бугарскиот Центар за култура во Битола: „Провокација“

од Vladimir Zorba
270 прегледи

Палењето на Центарот за култура „Иван Михаjлов” во Битола е уште една провокација и дел од масовната антибугарска кампања што започна веднаш по отворањето на клубот, напиша на Фејсбук потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова.

Според Јотова, на неговото отворање пред еден месец, на кое учествуваше бројна бугарска делегација, беше констатирано дека единствената функција е да ја зачува бугарската култура и идентитет кај Бугарите во Северна Македонија.

-Само брзите активности на надлежните институции во најкус можен рок за откривање на сторителите ќе докажат дека кај нашиот западен сосед се почитуваат правата на Бугарите, како и на сите други националности, додаде потпретседателката на Бугарија во својата објава на Фејсбук.

Слични содржини