Јован Трпеновски: Од денеска не смее да има вработувања во јавните институции

од Vladimir Zorba
353 прегледи

Министерството за животна средина вработува осум лица, министерството за правда – четири. Градската општа болница во Скопје бара 60 медицински сестри, а новиот универзитет „Мајка Тереза“ 33 наставници, информира Телма.

trpenovski

Ова се само дел од активните огласи за вработување во јавни институции објавени деновиве. Изборниот законик во овој дел е јасен. Од денот на распишување на изборите, започнатите постапки се ставаат во мирување. Поранешниот член на Антикорупциската комисија, Јован Трпеновски вели дека во претходните изборни циклуси токму вработувањата во администрацијата се користеа за добивање гласови и дека оваа пракса мора да престане.

„Со донесување на решението за распуштање на Парламентот и утврдување на изборите секое друго преземање дејствие со кое што оди некоја материјална или статусна погодност, практично значи поткупување на гласачите и затоа во Законот за спречување на корупцијата децидно е одредено дека не може да се вршат инвестициски работи, не може да се вработува или кои било други статусни или материјални погодности на избирачите“, изјави Трпеновски.

Целиот текст можете да го прочитате тука