Јовановиќ: Договорот од Преспа не е само банална и ужасно површна констатација од типот “Македонија си го смени името”

од Vladimir Zorba

Според писателот и колумнист на Слободен печат Ненад Јовановиќ  премиерот на Северна Македонија има политичка храброст и политичка визија, и како што вели Јовановиќ, посебно смисла за лидерство.

„Имено, договорот од Преспа не е само баналната и ужасно површната констатација од типот “Македонија си го смени името”, не, напротив! Прво, а тоа е важно да се потенцира, Македонија го промени името бидејќи се работеше за билатерален спор. Барањето на Европа беше: решете ги сите спорови со комшиите, тоа е вашиот прв предуслов за добивање на ДИРЕКТНИ преговори со Европа. Сите спорови, не само со Грција, туку сите. За нешто повеќе од две години Зоран Заев ги реши сите спорови кои ни тежеа изминативи 30 години, го потпиша договорот од Преспа, го потпиша и договорот со Бугарија за мир и добрососедство.“ – вели Јовановиќ во изјава за Ипортал.

Слични содржини