Мицкоски на прашањето “дали ќе одите на бојкот”, вели дека “се’ е можно”. Во некоја смисла, овој човек прави што сака, и никој не може да го погледа попреку, само затоа што е кобајаги лидер на втората најмоќна партија во државата, пишува во својот Фејсбук профил политичкиот аналитичар Ненад Јовановиќ.
Јовановиќ пишува дека Мицкоски нема никаква одговорност кон никого и има медиуми што секојдневно го пренесуваат.
-Во партија никој не смее да му писне, ги изложи своите луѓе на кандидатски листи за еве, сега, гледаме, дека може да им рече дека ќе бојкотираат.Добро, бре, има ли некои луѓе во таа партија што би го набркале овој штетник? Па до кога ќе се изживува оваа партија со целата земја: ги кочи интеграциите, не создава дијалог, не работи на соработка и консензус за важни политички прашања, башка мангупот на прашањето за бојкот вели “се’ е можно”.Ако сака ВМРО-ДПМНЕ да биде повторно важна и релевнатна политичка партија, време е да го шутне овој неталентиран незнајко Мицкоски и’ доведе нормални и некомпромитирани луѓе на чело. Во спротивно уште долго ќе се валкаат во сопствената смрдеа, пишува Јовановиќ .