523
„Ла Верита не е релевантен весник, кој ние треба да го земеме како кредибилен. Сепак, тој припаѓа на десната радикална структура“, изјави политичкиот аналитичар Ненад Јовановиќ за емисијата „Само вистина“.
Според него, се користи секој најмал можен момент, поготово ако доаѓа од странство.
„Целта е да се дискредитира оваа Влада, да не заборавиме дека низ вакцинацијата се пумпа и еден национализам, кој е многу штетен. Сметам дека во одреден временски период и 2 и 3 и 5 милиони ваквини не можат да се справат со вирусот. Многу е важен моментот како ќе се справиме со вакцинацијата. Факт е дека нема доволно вакцини во Европа и дека големите земји масовно ги купуваат. Не се работи за неспособност на нашата Влада“, истакна Јовановиќ.