Олицетворение на СДСМ во моментов е персонификацијата во Зоран Заев. Очигледно е дека на тие две маси за преговори го протежира Ковачевски. Јас лично немам никаков анимозитет на персонална база. Многу ми е важен магистралниот пат, во кој ќе се движи политиката на партијата, вели политичкиот аналитичар, Ненад Јовановиќ во гостувањето на емисијата „Само вистина“.
Според него, СДСМ е интегрална сила, која мора да го врати кохезивниот момент.
-На последните локални избори видовме раслојување на членството на СДСМ, потенцира Јовановиќ и додава:
-Имаме многу слаба комуникација со Бугарија низ годините, имаме некој ѕид и бледи информации и имаме тврда реторика и секогаш има на Балканот еден непријател која ја мобилизира внатрешната политика врз кпја се завефуваат широките народни маси на избори, вели Јовановиќ.
Tој истакнува дека идејата на НАТО е да докаже на западните дојузници дека сме дел од западната цивилизација, не дека само не штити и дека немаме војска.
Јовановиќ посочи дека македонската влада покажа питомост, а Зоран Заев беше со поинаква реторика по однос на прашањето со Бугарија.