„Мицкоски се пали на изјавите на Каракачанов, не сфаќа дека и’ двајцата во политиката егзистираат на исти матрици: кавга, провокација и лупетање на глупости. Во таквите будалаштини сака да го вовлече и Заев“, пишува аналитичарот Ненад Јовановиќ на својот Фејсбук профил.
„Заев не паразитира на тие теми и на таков начин, тоа треба на Мицкоски да му е јасно. Токму како што не паразитира на лажниот патриотизам, туку решава проблеми и се грижи за сите. А Мицкоски пред да се „расфрла“ со Блаже Конески, да го потсетиме дека кога Конески беше нарекуван „џуџето од Небрегово“, тогаш не му сметаше, затоа што тој конфликт беше посакуван и усмерен кон некои други луѓе; денес, пак, кога треба да се користи Конески за „тепање“ со оној шутрак Каракачанов, Мицкоски тоа го прави за да испадне „патриот“ пред неговите „лумени“.
Блаже Конески е покоен, а покоен човек не може да се брани. А Мицкоски нема политика, освен ако не ја сметаме политиката на полемизирање преку медиуми со исти такви шутраци како него“, додава Јовановиќ.